сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат дека владата нема никаква поддршка, а премиерот е оценет со недоволен еден

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат дека владата нема никаква поддршка, а премиерот е оценет со недоволен еден

ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Анкетите јасно покажуваат дека СДСМ ќе доживее катастрофа на престојните избори. Тоа ќе биде исход од нивното катастрофално владеење. Анкетите покажуваат дека владата и премиерот немаат никаква поддршкa, а Ковачевски е оценет со оценака недоволен еден. Лошиот рејтинг на оваа влада предводена од Ковачевски е поради криминалните тендери, поради корумпираноста, поради неправдата, поради матните набавки како таа на битумен, поради тоа што имаме една од највисоките инфлации во регионот, поради најнискиот раст на економијата споредено со регионот, поради растечката сиромаштија и урнисаниот стандард. Владата покаже дека ниту знае, ниту сака да се справува со проблемите на граѓаните. Функционерите од власта на СДСМ се фрлени само на криминал и лично богатење. Анкетите, кои и самите ги имаат, им покажуваат дека рејтингот им е во слободен пад, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа бегаат од соочување со народот и се обидуваат да се задржат уште некој ден повеќе на власт за некој тендер повеќе, додават од таму.

Најнови вести