четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Антидемократскиот насилен мафијашки режим на полтронот Заев не може да го поткупи македонскиот народ

ВМРО-ДПМНЕ: Антидемократскиот насилен мафијашки режим на полтронот Заев не може да го поткупи македонскиот народ

Антидемократскиот насилен мафијашки режим на полтронот Зоран Заев не може да го поткупи македонскиот народ. Насилното бришење на македонскиот идентитет преку бришење на уставното име што го спроведува Заев и неговата капитулантска банда е идентично на обидите за брутално обезличување на македонскиот народ какви што изобилува македонската историја на непокорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Иднина не се гради без минато. Демократија не се гради со газење на демократски Устав и закони. Правда не спроведуваат капитуланти, предавници и криминалци. Насилството врз човековото право на самоопределување е спротивно на европските вредности. Прифаќањето на грчките услови и насилството врз Уставот не го направи Зоран Заев лидер. Лидер може да биде само оној кому народот му ги одобрува политиките, стои во партиската реакција и се додава:

„Оттука Заев и неговата капитулантска банда знаат и се плашат дека Предавството нема да заживее. Тоа еднаш е отфрлено на Референдум. Република Македонија победи, Република Македонија ќе ја допорази оваа политичка насилна хунта на власт“.

Најнови вести