вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски, човекот кој зема 130.000 денари плата, најмалку што може е сам да си плати луксузното патување во Дубровник

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски, човекот кој зема 130.000 денари плата, најмалку што може е сам да си плати луксузното патување во Дубровник

Марко Бислимоски, човекот кој зема 130.000 денари месечна плата, односно бруто плата од околу 200.000 денари најмалку што може е сам да си плати луксузното патување во Дубровник, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бислимоски за еден месец зема 7 минимални плати. Бислимоски за еден месец има примања колку  7 македонски семејства. Тој во еден месец зема колку со колку што се прехрануваат 30 луѓе.

Останува моралната дилема дека тој смета дека е нормално во услови кога цените на горивата се зголемија за 70%, струјата за 30%, а 500.000 луѓе живеат во сиромаштија, тој да оди на скапи патувања и да јаде во луксузни ресторани.

Дали јадењето не му преседнало или му било вкусно кога помислил во каква сиромаштија ја оставил Македонија?“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести