петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Болен од цистична фиброза почина, Ковачевски треба да одговорa и да не манипулира со Сали на кого му се броени деновите

ВМРО-ДПМНЕ: Болен од цистична фиброза почина, Ковачевски треба да одговорa и да не манипулира со Сали на кого му се броени деновите

Цената на владеењето на власта предводена од Димитар Ковачевски стана премногу висока и истата се плаќа со човечки животи. Ковачевски и министерот за здравство, Беким Сали не смееја да дозволат луѓе да умираат затоа што нема лек, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски пак да престане да се крие зад министерот Сали на кому очигледно му се изброени деновите на функцијата. Каде беше Ковачевски кога болните од цистична фиброза протестираа пред Владата. Ковачевски нека престане да глуми и да си замине веднаш заедно со неговата неспособна екипа, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа неспособна Влада треба да си замине час поскоро за да се спасат граѓаните.

Најнови вести