Брука, Османи и Ковачевски се фалеа со претседавањето со ОБСЕ, потрошија 5 милиони евра, а добивме Виетнамски хотлајн, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-На само неколку дена по преземањето на претседавањето со ОБСЕ, фејсбук страната на ОБСЕ во Македонија е хакирана и сега наместо за промоција на земјата и ОБСЕ служи како Виетнамски хотлајн. Срамота е кога претседаваме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа да имаме нарушена безбедност. Ковачевски и Османи не можат да обезбедат, ниту една фејсбук страница, а не пак нешто повеќе. На што троши власта 5 милиони евра, кога државата се брука на секој чекор? Дали и овие 5 милиони евра, ќе се потрошат како стотиците илјади евра потрошени на саемот за вино во Белград, каде наместо промоција на државата имавме шетање на државен трошок на луѓе од власта. Со Ковачевски и Османи, наместо промоција имаме понижувања и потсмевања, истакнаа од опозициската партија.
Не поминаа неколку дена откако Ахмети го пофали Османи дека министерувал со половина земјина топка и еве сега е одговорен за Виетнамски хотлајн. додаваат од таму.