Денеска во 18:00 часот во Вавилон, општина Битола, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Надворешна политика”.
Говорници на трибината се:
-Проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник,
-Марија Митева, член на ИК и портпарол,
-Тодор Конески, меѓународен секретар на УМС.
Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Трибината ќе се пренесува на официјалниот канал на youtube на ВМРО-ДПМНЕ и официјалниот фб профил на Христијан Мицкоски.