Денес во 18:00 часот на Градски плоштад во Кавадарци, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“.
Говорници на трибината се:
Проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Проф. д-р Даме Димитровски, претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ,
Елена Маркова-Велинова, претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со:
Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци
Трибината ќе се пренесува на официјалниот канал на youtube на ВМРО-ДПМНЕ и официјалниот ФБ профил на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.