петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатијата продолжува да пропаѓа – Бесмира Ејупи може не стана генерален конзул во Њујорк, ама затоа доби вработување во МНР

ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатијата продолжува да пропаѓа – Бесмира Ејупи може не стана генерален конзул во Њујорк, ама затоа доби вработување во МНР

Скандалот со ТВ презентерката Бесмира Ејупи добива ново продолжение. Јавноста овој тв лик го памети по скандалозниот обид да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, но и како лик на кој и биле исплатени 12 илјади евра на име на хонорари од неколку институции, за што постои и истрага. Е сега Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи кај Бујар Османи, кој пред само извесно време тврдеше дека не ја познава дотичната особа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бесмира Ејупи е вработена од неодамна е вработена како соработник во одделението за правни работи во МНР, а почната е процедура за издавање на безбедносен сертификат „доверливо“. Ковачевски веројатно ќе продолжи да молчи, како и минатиот пат кога скандалозно беше именувана за генерален конзул,  затоа што или никој не го прашува или не смее да се меша.  Ете затоа македонската дипломатија се наоѓа на ова дереџе. Бујар Османи и ДУИ имаат добиено одврзани раце од Ковачевски и СДС да прават што сакаат и како сакаат. Ова мора да има крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести