понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека патриоти се наоѓаат во притвор поради политички прогон, СДСМ од затвор ослободува осудени криминалци

ВМРО-ДПМНЕ: Додека патриоти се наоѓаат во притвор поради политички прогон, СДСМ од затвор ослободува осудени криминалци

Република Македонија е во тотален мрак, по доаѓањето на СДСМ на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека правдата и правната држава не постојат.

-Судот е директен соучесник во уништувањето на правната држава. Судот не дели правда врз основа на факти и аргументи, туку испорачува политички одлуки. Втор месец неосновано се држат патриоти во притвор со измислено обвинение за тероризам, иако не постои ниту еден аргумент во прилог на тврдењата на ЈО дека би можеле да го повторат делото, да влијаат врз истрагата или да избегаат од земјава. Додека патриоти се наоѓаат во притвор како резултат на политички прогон, СДСМ од затвор ослободува осудени криминалци, нагласуваат од партијата.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Зоран Заев праксата што ја имал во предизборието за ослободување на врвни криминалци како Барјуш Сејдиу и Агим Красниќи решил да ја продолжи со ослободување на нови 670 осуденици.

-Со законот за амнестија од затвор ќе ослободат криминалци обвинети за дистрибуција и продажба на дрога, мачење, тешки кражби, луѓе кои се занимаваат со рекет, изнуда, проституција и други тешки кривични дела. Додека криминалци ќе шетаат слободно низ улиците, Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети чиј единствен грев им беше тоа што ја сакаат државата ќе лежат во притвор. Неправедно е од затвор да се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат патриоти кои никогаш не сториле ниту прекршок. Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда, политички прогон и масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се посочува дека законите мора да биде исти за сите, селективноста и неправдата одат на штета на Република Македонија. Државата мора да биде еднаква кон сите.

Најнови вести