Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со корона вирусот. За тоа покажуваат и самите податоци. „Мерките“ со кои се фали владата на СДСМ не придонесуват за доброро на економијата. Единствено нешто што прави СДСМ во моментот е што ги троши државните пари за избори и наместо да му помогнат на стопанството, тие гледаат да си ја спасат фотелјата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Поради тоа што СДСМ не нуди ништо за стопанството голем број на фирми се оставаат на цедило и можно е да дојде до нивно затварање. Над половина од 33 000 работници во угостителството се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани се со намалени приходи. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Но, со СДСМ тоа не е можно, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија.
-ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, велат од партијата.