петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Гладот и сиромаштијата за народот, кои ги донесе оваа власт, се најголемата закана за иднината на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Гладот и сиромаштијата за народот, кои ги донесе оваа власт, се најголемата закана за иднината на Македонија

Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани. Со бедни 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време сведоци сме дека функционерите на ДУИ и СДС, секој ден се богатат на грбот на народот и тоа не само они, туку и нивните деца и внуци, кои вртат милионски суми и купуваат имоти на атрактивни локации во центарот на Скопје.

Граѓаните бараат одговорност, а одговорноста ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победата на следните избори“ – се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести