Македонија продолжува да бележи трицифрен број на заразени од корона вирус. Бројот на заразени надмина 13 илјади, а бројот на починати е над 550. државата е црн рекордер во регионот и Европа на еден милион жители, а да е уште пострашно станавме извозник на корона во земји од Европа поради немањето мерки и протоколи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на Заев наместо да се посвети на борба со пандемијата и справување со последиците беше и е посветена на криминал и корупција. Така Агенција за обезбедување од Струмица блиска до заеви има испумпано над 21 милион евра за само 2 години од државни и енергетски компании, а од народот бараат да плаќа поскапа цена на струјата за 7,5%.
Се задолжија милијарда евра само за три месеци. наместо за поддршка на економијата, стопанството и изградба на капитални инвестиции , парите се потрошија за изборен поткуп. Затоа сега експертите најавуваат дека од септември државата ќе нема пари за сервисирање на основните потреби. Дојде државата до дереџе да биде единствената земја во регионот во која пропадна банка и остави илјадници луѓе без своите заштеди, ама затоа министерката Ангеловска “успеала“ навреме да ги повлече депозитите.
Додека народот осиромашува, се разболува и луѓе умираат, милионерите од власта на Заев и понатаму ги полнат џебовите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.