понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Хирургот Османи свесно хируршки ја уништува Македонската дипломатија, катастрофален избор на амбасадори, голем срам за државата

ВМРО-ДПМНЕ: Хирургот Османи свесно хируршки ја уништува Македонската дипломатија, катастрофален избор на амбасадори, голем срам за државата

Свесното хируршко уништување на Македонската дипломатија од страна на хирургот Бујар Османи се докажа и по синоќешната владина одлука за назначување на нови амбасадори. Изборот полош не може да биде, а поголем срам за тоа кој ќе ја претставува Македонија надвор од нејзините граници уште покатастрофален, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлог амбасадор за ДКП Лондон е Катерина Ставревска, до некогашен шеф на кабинет на Радмила Шекеринска. Вработените во МО сведочат за вршење на мобинг, а јавноста можеше со свои очи да види како Ставревска со својата шефица Шекеринска прават злоупотреба на државен хеликоптер за прошетка и дегустација на вина. И сето тоа врз грбот на граѓаните на Македонија! Дали министерот кој ја донесе Македонија на работ на преживување како правната држава, Тупанчевски заминува за Белград затоа што не знае странски јазик? 1000 евра месечно од буџетот на македонските граѓани не му се доволни на сега веќе идниот Амбасадор кој “пополнува место по потреба” Андреј Жерновски, сега веќе назначен за амбасадор за Букурешт иако до пред месец дена беше предлог за Белград?! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали можеби тоа што Јакуп Реџепи, сега веќе предложен амбасадор на Македонија во Сараево, вујко на министерот за финансии, Фатмир Бесими е единствената причина за неговото назначување?

Дали Емил Крстевски или познат во јавноста како директор што од службен фб профил се заканува и вреѓа македонски граѓани, (Државен Архив ) е соодветно решение за амбасадор во Прага, дополнително само затоа што неговата сопруга Сања Зоографска- Крстевска е сеуште актуелен генерален конзул на Македонија во Мелбурн?

Скандал мајстарот Османи направи уште една хируршка хаварија“ – посочуваат од партијата.

Најнови вести