недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: И денес работи црвениот телефон за цензура на Заев, опозицијата и денес ја нема на Телма

ВМРО-ДПМНЕ: И денес работи црвениот телефон за цензура на Заев, опозицијата и денес ја нема на Телма

И денес работи црвениот телефон за цензура на Заев, опозицијата и денес ја нема на Телма, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

И денес на телевизијата Телма чие сопствеништво е на компанијата Макпетрол кон која Владата одлучи да и се платат 32 милиони евра за гасоводот, немаше ниту еден прилог каде е застапена опозицијата. Наспроти ова ревносно се пренесувани владините активности и изјави на челните луѓе на владата. Ваквата неизбалансираност, поточно целосното отсуство на ставовите на опозицијата е во спротивност со новинарските стандарди за избалансирано известување.

Во состојба на цензура која доаѓа по бруталното откажување на интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е принудена да ги искористи сите легитимни начини да биде застапена и да ги изрази своите ставови меѓу кој е и ова соопштение.

Заев наместо да почне преговори со ЕУ, прави цензура врз опозицијата на Телма. Ги охрабруваме новинарите да не подлегнуваат и да дадат отпор на обидите на цензурирање.

Ги поттикнуваме и другите медиуми кои се под жесток притисок да известуваат демократски и ги охрабруваме да останат на страната на принципите, стандардите и демократијата, да издржат бидејќи не за толку долго работите ќе се променат кон поголема демократија и слобода.

Најнови вести