четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: И граѓаните и бизнисот во Македонија плаќаат најскапа струја во споредба со регионот заради неспособноста на власта

ВМРО-ДПМНЕ: И граѓаните и бизнисот во Македонија плаќаат најскапа струја во споредба со регионот заради неспособноста на власта

И граѓаните и бизнисот во Македонија плаќаат најскапа струја во споредба со регионот заради неспособноста на власта. Македонските граѓани плаќаат и до 50% поскапи сметки од граѓаните на Србија и Косово, а за 15 поскапа од Турција, БиХ и Хрватска. Македонските фирми плаќаат 8-ма најскапа струја во Европа, а кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, плаќаат 4 најевтина, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека скапата струја е воглавно заради малото домашно производство кое е резултат на неспособноста при менаџирање.

– Ако во време на ВМРО-ДПМНЕ се произведувале и над 6 терават часови струја за една година, сега се произведуваат едвај четири. Разликата која не се произведува се увезува, а со тоа фирмите плаќаат скапа струја и се одлеваат девизи, кои не се враќаат назад. Со ова темпо на цени на струја голем број на фирми се соочуваат со проблеми при производство и работа, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести