Телма и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведоа анкета за гласачките ставови на граѓаните на Република Македонија во врска со престојните локални избори 2021 година.
Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има изразено водство пред СДСМ и тоа во анкета спроведена од провладина телевизија. Ова е прв пат на овие анкети ВМРО-ДПМНЕ да е во водство пред СДСМ.
Најголемиот број на етничките Македонци, односно 31,5 % кажале дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 26,9% за СДСМ и 7,3% за Левица. ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците има изразена предност од цели 5 проценти.
Најголем број на граѓани односно 44,0% кажале дека на локалните изборите ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно 22,4 % за ВМРО-ДПМНЕ и 21,6% за СДСМ.
Покрај предноста која ја даваат граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ, претходно граѓаните се изјаснија дека потребни се предвремени парламентарни избори за излез од кризата, бидејќи во оваа држава постои нестабилно владејачко мнозинство.
Резултатите од анкетата, ја отсликуваат реалноста во земјата откако власта потфрли на сите полиња, а особено во справување со економската и здравствената криза. Власта не успеа да ги заштити граѓаните, Македонија се наоѓа во врвот на црните светски корона статистики.