Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиона во банка, дали е тоа причината за која им должи на Заеви, па мора да лаже на пресови?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.
Каевски на само 30 години има сопствен стан за кој што како што навел во анкетниот лист го купил во 2020 година од свои лични пари, и 4 милиони денари во банка. Како успеал Каевски на само 30 години да се стекне со имот од над 125 илјади евра?
Каевски е функционер само 5 години, а платата му е околу 1.000 евра, и целата плата да ја штедел и да не трошел за храна и живеење ќе соберел само 60.000 евра. Од каде му се остатокот од 65.000 евра?
Каевски треба сериозно да одговори од каде му се парите. А институциите да не молчат и да постапат веднаш.
А, за крадење струја нека си го праша таткото на шефот свој Панче Заев, кој е правосилно осуден за кражба на струја, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.