ВМРО-ДПМНЕ денеска потпиша Договор за „Обнова на Македонија“ со Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Движење за национално движење на Турците, Демократската партија на Србите во Македонија, Демократската партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, Македонска акција (МААК), Нова либерална партија, Партија на Власите од Македонија, Партија на обедините демократи на Македонија, Роми обединети во Македонија, Работничко земјоделска партија од Македонија, Социјалистичката партија на Македонија, Српска напредна странка, Странка на демократска акција на Македонија, Титови леви сили, Аднан Ќахил, Бајрам Берат и Салко Куч.
Денес имаме чест да ја претставиме најбројната победничка коалиција за „Обнова на Македонија“ која ќе настапи на претстојните парламентарни избори и ќе ја формира идната влада, ова денеска од потпишувањето на Договорот за „Обнова на Македонија“ го истакна Христијан Мицкоски.
-Ние се обединуваме околу заедничка платформа, вредности и принципи во кои веруваме, затоа што самото име на коалицијата кажува дека она што е неопходно во овој момент на нашата татковина е токму обновата. Како коалиција имаме одговорност пред нас самите за одговорно работење за постигнување на резултатите кои ќе донесат подобра иднина во државата, рече Мицкоски.
Тој додава дека идната победничка коалиција подразбира обединување околу идејата, целта и каузата каде врвниот интерес и иднината на Македонија.
-Ова е најбројната коалиција околу која се обединуваат Македонците, Турците, Бошнаците, Ромите, Србите, Власите, коалиција на работниците, средната класа, земјоделците, невработените, сиромашните и на оние кои што сакаат промена. Во име на ова обнова ги повикувам и Албанците, Еѓипјаните и сите останати да поддржат обнова која ќе значи повеќе економија, пари и инвестиции, рече Мицкоски.