Скандалот со изборот на нов директор на АНБ добива нови и нови димензии. Кадарот на Зечевиќ и Ковачевски, новиот директор Зарко Милошевски бил дел од тимот началници на УБК во 2015. Со тоа логично се поставува прашањето дали Милошевски бил дел од скандалот со нелегалното прислушкување во 2015 година? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Овој сомнеж се надоврзува на низата други дамки во кариерата на Милошевски. Прво излезе на виделина дека новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е потписникот на документот со кој му се овозможило државјанство на Онишченко, лицето од американската црна листа. Со ова всушност испаѓа дека кадарот на Ковачевски и Зечевиќ и најодговорен за меѓународниот срам кој ја задеси Македонија. Дополнително, Милошевски бил Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Трето, пуленот на Ковачевски и Зечевиќ, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили. Ковачевски и Зечевиќ нека не се кријат и нека излезат во јавноста да одговорат за ова. Тие го именуваа и сега тие се одговорни да кажат како може еден човек со толкав багаж зад себе да биде прв човек на АНБ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Посебно Ковачевски треба да знае дека свесно или не на крајот целата одговорност за партизирањето и криминализирањето на институциите ја зема врз себе и за сето тоа ќе одговара, додаваат од таму.