Каевски пред да зборува за било што, да објасни како во една година направи хациенда со базен и купи стан. Каевски во 2020 година на местото на својата стара трошна куќа прави хациенда дивоградба со базен во Волково. Истата 2020 година Каевски купува стан од 60м2, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој истиот Каевски на само 30 години има и 4 милиони на сметка.
За да го стекне станот и парите на сметка Каевски требал секој месец да трга по 1.000 евра на страна во период од 12 години. Без да троши за живеење. А за хациендата треба да работи уште 12 години.
А кога зборува за НАТО, Каевски треба да знае дека неговиот шеф, сегашен, и тој што го нарекуваше Тито немаат пуштено претставник во НАТО на земјава.
Војниците се соочуваат со најразлични проблеми, како немање топла вода и храна каква што доликува.
Можеби да не беа насочени од голтари Каевски и неговите партиски другари да станат милионери војската ќе имаше подобри услови, но тие решија да се посветат на градење на хациенди и купување станови“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. (МИА)