понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега не е посплотено и порачува: За Македонија не смее да има пазар и договори под маса

ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега не е посплотено и порачува: За Македонија не смее да има пазар и договори под маса

ВМРО-ДПМНЕ нема да се скрши, граѓаните се повеќе се обединуваат и му даваат поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велат во партиското соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес се повеќе членовите на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците јавно ја искажуваат својата поддршка за сегашните политики и чекори кои ги презема ВМРО-ДПМНЕ како партија.„Само МАКЕДОНИЈА и ВМРО се вечни. Сѐ останато е епизода. И секој има можност да ја одбере и одигра својата улога во неа. А, единствено народот е тој кој суди и пресудува за улогите и епизодите“, напиша пратеничката Дафина Стојаноска на социјалните мрежи. Пратеникот Бојан Стојаноски на социјалните медиуми истакна дека обединето и силно ВМРО е силна Република Македонија. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ е обединета и силна и не постои никаква дилема во нашиот став: – Нема промена на Устав под бугарски диктат. Ние како пратеници носиме одлуки исклучиво базирани на ставот на народот и само тој може да влијае на нашиот став и одлука. Продолжуваме заедно! Да живее ВМРО – ДПМНЕ! Да живее Република Македонија“, пишува во ФБ објавата на пратеникот Бојан Стојаноски. Потпретседателот и пратеник Владо Мисајлоски напиша – „ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на секоја анкета и е пред историска победа! Победа на народот, победа за Македонија! Издржавме многу, ќе издржиме сѐ што е потребно, бидејќи Македонија нема цена. Ултиматум не прифаќаме и немаме намера да прифатиме. Пред нас е историска победа затоа ќе ги победиме сите на купче. ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Генералниот секретар и пратеник Ѓорѓија Сајкоски преку својата ФБ објава порача дека единството во партијата мора да се зачува, борбата за подобра Македонија мора да продолжи! Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и пратеник на социјалните мрежи напиша дека жените биле, се и ќе бидат еден од носечките столбови на ВМРО-ДПМНЕ. „Секоја функција има почеток и крај. Се е менливо и минливо, само ВМРО е вечно! ВМРО-ДПМНЕ е сложно и обединето со цврст и јасен став за промени во Македонија кој ќе донесат подобро утре за нашиот народ. Партијата помина години на тешка опозиција. Години во кои недолжни луѓе поминуваат во затвор. Денес партијата е на вистинскиот пат со силна поддршка од македонскиот народ со над 40 градоначалници и најбројна пратеничка група во Собранието на Македонија. Повикувам на единство, обединување и поддршка кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и целото раководство на партијата“, нагласи пратеничката Жаклина Пешевска. „За МАКЕДОНИЈА не смее да има пазар и договори под маса! Единство и поддршка е потребно“, укажа пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Пратеничката Ели Панова преку ФБ објава порача дека очајот е опасна работа, но вистината е како шило порано или подоцна ќе излезе на виделина.

Објавите по социјалните мрежи секоја минута се повеќе ги има со цел да дадат поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа бројна поддршка која расте укажува дека ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега не било толку покохезивно и посплотено, политиките на власта нема да наштетат на партијата, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести