Ќе се извини ли МВР и Спасовски што направи јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби?, прашуваат од партијата.