Ние ќе учествуваме, кандидат е доктор Мевмед Џафери, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е почитуван човек, родител, семеен човек итн. Мислам навистина е почитуван човек во средината таму и очекуваме дека ќе победи убедливо, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува исто така и на локалните избори во Тетово за Совет.
– Исто така имаме и своја листа и на локалните избори во Тетово за Совет кои што исто така ќе се случат на 20-ти август. А, и очекуваме бројот на советници да го зголемиме според последните мерења на јавното мислење, појасни Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се надева дека изборите во Маврово Ростуше ќе успеат бидејќи во тој период многу печалбари се враќаат тогаш.
– Се надеваме дека ќе успееме да ги анимираме тие луѓе да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за Мевмед Џафери, рече Мицкоски.