петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во СДСМ е фарса се знае дека пиунот на Заев, Ковачевски, е човекот на олигархијата која ќе го наследи Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во СДСМ е фарса се знае дека пиунот на Заев, Ковачевски, е човекот на олигархијата која ќе го наследи Заев

Конгресот во СДСМ е фарса се знае дека пиунот на Заев, Ковачевски, е човекот на олигархијата која ќе го наследи Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, градоначалник на Куманово во времето на транзицијата. Таткото на Ковачевски бил и амбасадор на Македонија во Црна Гора исто така поставен од СДСМ. Ковачевски е човек на олигархијата, на едно мрачно време кое остави стотици илјади на улица и без пари. Ковачевски не е нов лик, тој е стар производ спакуван во ново пакување. Ковачевски ги повторува истите тези кои Заев ги кажуваше кога доаѓаше, а потоа видовме криминал од невидени размери, системска корупција и рекет, истакнуваат од опозицската партија.

И со Ковачевски ништо нема да се смени, тој ќе има за задача да го штити Заевизмот, и фирмите на Вице и Трајче, додаваат од таму.

Најнови вести