четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ шират лажни вести кои им се алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ шират лажни вести кои им се алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април

Кој во СДСМ го мести Костадинов со вакви смешни прес конференции? Костадин Костадинов и СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори со Европската Унија. Тоа е обично алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и работи Македонија да ги забрза евроинтеграциите. Тоа е за добро и на Македонија и на граѓаните. За разлика од СДСМ кои секогаш биле водени од тесно партиските интереси и ситните политички поени,реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Видовме како работи СДСМ за европската агенда: „договорено е со Врховен“, „без Заев не се може“, „трас-трас и ете одлука на Врховен суд“, „Катица знае за се што треба да се случи“, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е вистината. Жалиме што СДСМ не може да излезе од заевата матрица на функционирање, за своите неуспеси да наоѓа вина во европските партнери, ВМРО-ДПМНЕ или други политички субјекти во Македонија. Растечката корупција, економскиот колапс и безнадежноста на граѓаните галопирачки растат токму поради владеењето на Заев и тие параметри се видливи и за домашната, но и за европската јавност. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела.

Најнови вести