среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов нека не лаже, Буџетот за 2021 е скроен за потребите и луксузите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов нека не лаже, Буџетот за 2021 е скроен за потребите и луксузите на СДСМ

Владиниот Буџет за 2021 година е скроен единствено за партиските потреби. Буџетот наместо да одговори и да помогне на граѓаните, тој нуди повеќе луксуз на владините функционери. Во Буџетот се предвидува повеќе луксуз, повеќе трошење народни пари за „потреби“ на функционерите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо Костадин Костадинов да лаже на прес конференции, нека смогне сили и да одговори на граѓаните зошто капиталните инвестиции во овој Буџет се намалени за 13 милиони евра во однос на основниот буџет за 2020 година. Очигледно според бројките во Буџетот за 2021 година воопшто нема да е година на капитални инвестиции.

Костадин Костадинов наместо да го брани Заев нека одговори зошто иако е најавено во Буџетот повеќе пари за плати, платите воопшто на граѓаните нема да се покачат. Со ова само се докажува дека партиски вработувања и наредна година ќе има.

Костадин Костадинов нека признае дека Буџетот за 2021 година е далеку од развоен. Македонија и нареднава година ќе стагнира.

Додека здравствените работници деноноќно гинат за да спасат човечки живот, покачувања за нив наредната година не е предвидено.

Владата на Заев за две години, и за време на здравствена криза успеа единствено да вработи повеќе партиски војници, кои претставуваат терет на Буџетот за фантастични 60 милиони евра.

Граѓаните и наредната година ќе поминуваат ден со 50-тина денари, додека функционерите на Заев се честат со народните пари и луксузираат“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести