четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување

Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Бугарските барања и изјавите на Петков за поместување на ветото со услови кои како што вели не треба да се бараат наеднаш, се опасност дека Ковачевски е на пат да потпише или прифати рамка за асимилација на Македонците. Ковачевски и Османи целосно нетранспарентно го водат процесот на преговори, и ги носат граѓаните и општеството пред свршен чин. Ковачевски уште не се изјаснил ниту за клубот Ванчо Михајлов и фашистичките тенденции, тој немаше ниту да реагира на негацијата на Македонците да не беше преголемиот јавен и медиумски револт. Ковачевски се со преговорите се однесува како да не е од овде, па чека првин дали одредена работа ќе наиде на критика на јавноста, за потоа тој да ја осуди или пофали. Ковачевски не однесува целосно не зрело, и тој заради неговиот аматеризам и неспособност е на пат да ја понижи државата, истакнуваат од опозициската партија.

Токму затоа Ковачевски веднаш да побара писмени гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик и историја, додаваат од таму.

Најнови вести