Грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта, се вели во соопштението испратено до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Луѓе умираат, но македонското здравство не открива причини, туку само констатира. Ковачевски го распадна здравството. Од еден министер кој бараше аплаузи, а ништо освен провизии за себе не правеше, до друг министер кој добил хациенда за коалиција. Министерството за здравство на власта и служи само за тендери, а за пациентите никој не води грижа. Одговорност за случајот со Јана и за сите останати нерасветлени ќе има. Уште првиот месец по смена на власта, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.