понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел предводен од Зоран Заев брутално ја гази демократијата во Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел предводен од Зоран Заев брутално ја гази демократијата во Република Македонија

Криминалниот картел предводен од Зоран Заев брутално ја гази демократијата во Република Македонија, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

-СДСМ е исплашен. Свесен е дека договорот со Грција е штетен. Граѓаните нема да го прифатат. Доколку договорот беше добар, Зоран Заев немаше да ја потценува јавноста и согласно закон ќе поставеа едно, јасно и недвосмислено прашање на референдум. СДСМ со вака формулираното референдумско прашање го прекрши Законот за референдум, односно членот 15 каде се вели дека „Прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со „ЗА“ или „ПРОТИВ“. Народот е против и целиот договор и капитулацијата која ја постигна Заев е едно, а прашањето за членство во НАТО и ЕУ сосема друго. Народот ќе го победи ова зло олицетворено во Зоран Заев и врхушката на СДСМ. Македонија ќе победи, сакале тие да прифатат или не, истакнуваат од партијата.

Најнови вести