вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните шеми на генералните секретари на Владата на заевизмот не можеле да се случат без знаење на нивните шефови

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните шеми на генералните секретари на Владата на заевизмот не можеле да се случат без знаење на нивните шефови

Криминалните шеми на генералните секретари на Владата на заевизмот, Рашковски и Зекири не можеле да се случат без знаење на нивните шефови. И двајцата се луѓе од доверба на Зоран Заев, едниот му е близок пријател, другиот му е кумашин, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа надлежните институции треба да ја прошират истрагата. Логично се поставува прашањето дали и колку пари од криминалните зделки завршиле кај Зоран Заев и неговиот наследник Ковачевски?

Медиумите пренесоа дека Мухамед Зекири без тендер во четири очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии во вид на „семинарски труд“ за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти.

Ваквите шеми се причината поради која народот осиромашува, а голтарите од власта на СДСМ и ДУИ стануваат милионери. Поради ваквите криминали Македонија е најсиромашната држава, а власта е најкорумпирана во регионот и Европа според сите релевантни меѓународни мерења, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести