Градоначалникот на Град Скопје манипулира со целата јавност и со друштвата за заштита на животни кога вели дека со отворањето на така наречениот стационар ЛАЈКА ќе го реши проблемот со кучињата скитници на територијата на Градот. Со отворањето на безпотребно ново јавно претпријатие каде се вработени исклучиво партиски луѓе кој немаат никаква допирна точка со активисти на кучиња и познавање на проблематиката а кој цели 17 месеци земаат плата а не одеа на работа од причина што Градоначалникот и неговиот тим советници не успеаја за 3 години да го реконструираат односно отворат стационарот , истите тие за 17 месеци го оштетија значително буџетот на Град Скопје со префрлање на плата за нив и за непотребниот управен одбор кој исто така е нелегитимно избран во него членуваат само партиски луѓе а не активисти или пак некој здруженија за заштита на животни, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Иако како што вели Градоначалникот дека стационарот е реконструиран со донации тој умешно ги крие и ја лаже јавноста за потрошените пари од градската каса во висина од 30 000 евра за набавки на мебел и канцелариска опрема која не знаеме зашто е потреба во ваков објект . Градоначалникот манипулира со јавноста и дрско лаже дека проблемот со бездомните кучиња е решен , како што самиот се пофали дека ова е само едно привремено живеалиште на бездомните кучиња , таму ќе се стерилизираат и потоа повторно ќе бидат пуштени на улицата од кај што ќе бидат заловени и со самото тоа проблемот не се решава, повторно ќе гледаме кучиња како напаѓаат луѓе, повторно ке гледаме неубави глетки со труење на кучиња и сообраќајни незгоди предизвикани од кучињата по улиците, велат од партијата.
-Петре Шилегов ги излажа и изманипулира сите активисти кој се борат за права на бездомните кучиња како и друштвата за заштита на миленици , во овој стационар кој е со нелегална програма за работа и истата е сомнително донесена без да се консултираат друштвата за заштита на животни и активистите се вели дека куче кое е со најмала болест ќе биде еутанизирано односно убиено а не излекувано , Петре Шилегов ја отвори Лајка за да го реши проблемот со бездомните кучиња на начин што истите ќе ги убие и наместо урбано чување на бездомните кучиња и третман во стационарот – Лајка ќе биде местото на злосторот на кучињата! Од тука итно повикуваме повлекување на спорната програма за работа и изработување на нова со консултација на сите друштва за заштита на животни, апелираат ВМРО-ДПМНЕ.
Постојат големи сомнежи со ова партиско јавно претпријатие Лајка за кое сме сигурни дека е отворено парење на пари и за се останато освен на професионален стационар и третман на бездомните животни и решавање на долгогодишниот проблем во кој се соочува нашата метропола. На Скопје му треба стационар како во Европските Метрополи , стационар во кој бездомните кучиња ќе бидат собрани од улиците и ќе имаат третман во стационарот кое ќе биде нивно трајно живеалиште со одлични услови а не како што Градоначалникот Шилегов направи дека секое куче повторни ќе се врака на улица, истакнуваат тие.