вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на Богдановиќ нема крај, до кога ќе ги лаже граѓаните?

Од партијата прашуваат до кога Богдановиќ ќе ги лаже граѓаните?
ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на Богдановиќ нема крај, до кога ќе ги лаже граѓаните?

Урбаниот и сообраќајниот хаос во Дебар Маало продолжува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лицемерието на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ нема крај. Тој го одби барањето на центарци за конечно ослободување на тротоарите во Дебар Маало од автомобили под изговор дека тоа не може да се реши преку ноќ. СДСМ ја има власта во општина Центар, а за граѓаните од оваа населба речиси ништо не е направено. Граѓаните се приморани наместо на тротоар да одат на улица, а со тоа им се загрозува нивната безбедност, а и животот не само на нив туку и на нивните деца, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат до кога Богдановиќ ќе ги лаже граѓаните?

-Освен ситни политички поени и продавање на демагогии Богдановиќ ништо не направи од тоа што го ветуваше. Тој ветуваше живот, ослободување на тротоарите воздух за сите, а наместо тоа граѓаните добија само лаги и манипулации, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести