Љупчо Николовски Путерот, како путер низ раце му се промакнале низ државните институции 464 договори во 4 очи за набавки за кои се потрошени 11 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Љупчо Путерот лови расипан путер, министрите и директорите штанцале договори во 4 очи.
Од тие 11 милиони евра дадени во четири очи, само 2.4 милиони евра биле за набавки поврзани со КОВИД 19, другите над 9.5 милиони евра за останати работи не поврзани со пандемијата.
Доколку ја погледнеме листата на институции кои склучувале договори во 4 очи ќе видиме дека први се Клиниката за трауматологија, Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје.
Здравството трошело најмногу пари, за договори во 4 очи, но сам мал дел од парите се потрошени за борбата против пандемијата.
На што биле трошени пари во здравството, а во исто време не ги исполнуваме критериумите за помош од ЕУ?! Дали наместо во борба против пандемијата, се распишувале тендери за се и сешто, само не за средства кои се потребни во борбата против КОВИД 19?!
Срамно е додека Филипче и другите од владата склучуваат договори во четири очи немаме вакцини, народот нема за маски и дезинфициенси, а за тестирање се чека и по неколку дена, за кога болен ќе отиде во болница, човек да се соочи со преполни болници и недостаток на средства, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.