Лукаревска почна да си го лаже и сопственото членство. Партијата заедно со нејзиниот ментор и лидер Зоран Заев, кој е аболициран за криминал, ја претворија во симбол на корупцијата и организираниот криминал. Членството е тоа кое што им говори дека ја претворија СДСМ во приватна партија која во поново време се појавува како портпарол и адвокат на кланот Заеви за секоја афера или скандал во која се до гуша заглавени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Членството им говори дека раководството а најмногу лидерот Заев се извор на проблеми во Македонија. Членството им говори дека прават тивка елиминација на секој кој му пркоси на лидерот или не се согласува со неговите политики. Оттука Лукаревска може само да сонува за демократија во СДСМ, се додека Заев е лидер на таа партија. Напротив, Заев како СДСМ, така и Македонија тој ја гледа како бизнис за лично богатење. Колку побрзо се ослободат во СДСМ од него и се дистанцираат за неговите криминали, толку подобро за нив и за Македонија, велат од партијата.