Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мирреагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија.
Економски Ја клекнаа Македонија на колена. Над 40.000 лица останаа без работа, создадоа 1 милијарда евра нов долг, а во второто тромесечие бележеа пад на БДП од 12,7%.
Се што фати мафијата на власт или го искраде или го запусти“ – се наведува во нивното соопштение.