Со таканаречениот договор од Преспа, Заев и неговата влада се откажа од македонското име, јазик, идентитет, историја и култура како и македонското малцинство во соседството. Со еден збор Зоран Заев се откажа од се што е македонско. Капитулантското дело на Заев наречено договор допринесува и за губење на институционалниот идентиет кој е битна компонента на националните идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Договорот со Грција не отвора никакви перспективи за Македонија и македонските граѓани, напротив тој ќе стане само уште една пречка исправена пред македонските евроатлантски интеграции. Со членот 8 од договорот, Грција добива правна алатка за блокирање на македонските евроатлантски интеграции кога и да посака. Имено токму овој член од капиулантскиот договор кој предвидува формирање на комисија која ќе ја ревидира македонската култура, археологија и историја ќе преставува кочница за запирање на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, со што се губи и самата суштина на договорот, стои во реакцијата и се додава:
„Македонија нема проблем со своето име. Македонија има проблем со корупцијата и клептоманијата во владата на Заев и СДСМ. Оваа влада е единствената пречка за македонските евроатлантски, а единствен начин Македонија да победи е Зоран Заев да замине во својата политичка пензија“.