Учениците – матурантите не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината и прифатија решение, кое не целосно ги подржува нивните барања. Учениците покажаа зрелост која што недостасува кај ресорниот министер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.
– Покрај тешкотиите во школувањето во период на КОВИД19 пандемија матурантите се соочија и со психолошки проблеми, губитоци на финансии во семејството и губитоци на животи. При тоа се соочија и со бесчувствителниот тврд став на ресорната министерка Мила Царовска, која не покажа воопшто разбирање за нив. Дополнително, учениците – матуранти беа изложени на постојан притисок од директорите од училиштата поставени повторно од власта. Матурантите протестираа и изгубија драгоцено време и енергија за на крај, сепак Владата да попушти- но не докрај да ја испочитува нивната волја. ВМРО-ДПМНЕ го почитува ставот на учениците – матуранти за постигнување компромисен договор за начинот за полагање на матурата, иако нагласуваме дека како министер кој што дал ветување, Мила Царовска можеше и мораше да ги послуша токму учениците кои што покажаа интегритет, упорност , но и способност за организирање преговори, посочуваат од партијата.
– Владата на СДСМ ја покажа нејзината неспособност, но покажа и силен предзнак за нејзиниот пад. ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и сега силно ги подржува учениците, со цел успешен премин во следните фази на нивното школување или вклучување во пазарот на труд. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги почитува младите луѓе и во нив гледа иден партнер во решавањето на младинските, но и сите проблеми во општеството, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.