Тоа што Рамиз Мерко се најде на црната листа, е само врвот на сантата мраз на криминалот и корупцијата на оваа власт на ДУИ и СДС. За да ги собере сите прекршувања на законот, матни зделки, местени тендери, партизирања на судството, лични богатења и слично не треба црна листа, туку цел еден црн тефтер, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Молкот на Ковачевски уште еднаш потврдува дека тој е безгласна буква во власта, ниту смее да критикува, а камо ли да побара одговорност од Мерко. Тоа ја покажува целата потчинетост на СДС и Ковачевски во односот со ДУИ и нивните функционери. Фали уште Ковачевски да го моли Мерко да им дозволи на институциите да направат увид на документацијата. Тоа е резултатот на уништениот систем и заробените институции. Но се е веќе разголено. Нема ден да помине, а да не добие власта шлаканица за нивната корупција и криминал. Светот ги разбра веќе дека се шампиони по мафијаштво и по урнисување на правната држава, велат од партијата.
Од таму додаваат дека сега и ДУИ и СДС може да вртат да сучат, но ништо не ги спасува. Следи и политичка и кривична одговорност за сите криминали за оваа власт.