петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Милиони за возила за функционерите на Заев, а народот нема ниту за леб

ВМРО-ДПМНЕ: Милиони за возила за функционерите на Заев, а народот нема ниту за леб

Набавката на 45 возила од страна на владата за министрите и директорите во ек на криза е безсрамно трошење на народните пари. Граѓаните молат за донации за лекување, молат за донации за храна, молат за работа и преживување, а СДСМ фрла милиони на луксуз, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лудилото не запира. По најавата за набавка на 45 возила од владата, ФЗОМ веќе набавил 2 луксузни лимузини за двата директори Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Со парите за 47 возила ќе се набавеа 47 амбулантни возила, но народот не и е приоритет на оваа влада, туку личната комоција. Дополнително власта се расфрла во време кога вели дека ќе покачува даноци. Од народот ќе се зема, за да има за луксуз, посочуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека бара да запре ова расипништво.

-Бараме да се раскинат договоритe за набавка на возила и парите да се пренаменат за купување на амбулантни возила или други неопходни работи, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести