сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не се грижи за децата без родители

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не се грижи за децата без родители

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не се грижи за децата без родители, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на МТСП.

-Наместо да се залага да им се обезбедат соодветни услови за живот, таа ги затвoра институциите каде тие се сместени. Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот. Дали со сместувањето во мали групни домови, Царовска ќе овозможи богатење на своите блиски соработници од СДСМ преку исплата на високи кирии за тие домови? Повеќе од очигледно е која и е намерата на Царовска за деинституционализацијата на групните домови Народот ќе ја увиди реалната слика на оваа мерка и ќе стави крај на овие црнила, потенцираат од партијата.

Најнови вести