недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да се стави крај на катастрофите на владата на СДС и ДУИ, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија, приклучете се сите кон промените во акцијата „Ова е Македонија за сите“

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да се стави крај на катастрофите на владата на СДС и ДУИ, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија, приклучете се сите кон промените во акцијата „Ова е Македонија за сите“

19 тимови, 200 партиски функционери и овој викенд продолжуваат со теренската активност во акцијата „Ова е Македонија за сите“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе го поседи секое населено место и ќе допре до секој еден граѓанин, ќе го ислуша и заеднички со народот ќе најдеме решение за проблемите кои се наталожени изминатите 6 години откако СДС е на власт.

СДС ја уништи Македонија. Проблемите се секаде исти. Граѓаните живеат во беда и сиромаштија.

Мора да се стави крај на катастрофите кои што ги прави владата на СДС и ДУИ.

Овој хаос мора да престане.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ посветено и одговорно ќе пристапи кон решавање на состојба во економијата, образованието, здравството и иселувањето на младите од државата.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи во интерес на граѓаните, додаваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се сите исти.

ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат од акцијата „Ова е Македонија за сите“ и заеднички да ги донесеме промени и подобра иднина за сите.

Најнови вести