СДСМ да престане да ги злоупотребува институциите за политички притисок и да каже зошто влезе во минус од 2.5 милиони, со што направи дупка во салдото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-МВР и УЈП треба да истражат како СДСМ го пречекорило дозволеното салдо за претседателските избори и потрошиле 2.5 милиони денари повеќе. Спасовски и Лукаревска да се охрабрат и да постапат по однос на пречекорувањето на СДСМ. Во спротивно тие штитат злоупотреби на законот, стои во партиската реакција и се додава:
„Во однос на наводниот долг на ВМРО-ДПМНЕ за него е склучен навремен договор за отплата и тој се сервисира. Се друго е лага и измислица на СДСМ“.