четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: На Костадинов му истекува времето- има уште 4 дена да се извини поради своите клевети кон Мицкоски, а доколку не го стори тоа ќе добие тужба

ВМРО-ДПМНЕ: На Костадинов му истекува времето- има уште 4 дена да се извини поради своите клевети кон Мицкоски, а доколку не го стори тоа ќе добие тужба

Одродената и криминална власта е во паника. Маските се паднати, а нивните лаги и манипулации прочитани. Граѓаните се свесни за нивните антидржавни политики, свесни за распродажбата на националните и државни интереси во интерес на спас на политичката кариера на единствениот политичар аболициран за криминал Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уставот, законите, правната држава, името, идентитетот, јазикот и историјата се жртва на личните и бизнис интересите на криминалниот картел на чело со аболицираниот Зоран Заев. Граѓаните во претседателот Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси, токму овој факт ја плаши одродената и криминална власт. Целата јавност беше сведок како еднаш веќе аболицираниот Заев повторно беше амнестиран од партиското судство иако сите видовме како тој бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен, стои во реакцијата и се додава:

„Токму поради тоа единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал ги тера своите партиски послушници да се обидуваат да ги лажат и да ги  манипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев. На Костадинов му истекува времето, тој има уште четири дена да се извини, поради своите клевети кон Претседателот, Христијан Мицкоски, а доколку не го стори тоа ќе добие тужба. Тој денес повторно ја погреши адресата. Наместо да шири лаги и невистини, Костадинов треба да го запраша својот шеф за колку милиони го зголеми своето богатство тој и неговиот клан откако власта ја презеде СДСМ. Партискиот потрчко треба да праша за колку милиони своето богатство го зголеми газда Кочо и другите партиски и државни функционери кој добија криминални тендери и грантови или можеби и тој е дел од матните бизнис зделки“.

Најнови вести