петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ

Најдоброто за нашите општини е да си заминат СДСМ и Зоран Заев зошто украдоа 1 милијарда евра пари од граѓаните. Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што долгот изнесува 63 проценти или секој човек должи по 3500 евра со СДСМ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што лицето на СДСМ е Боро Марлборо, Курто Дудуш и градоначалникот измамник Петре Шилегов.

Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што Охридското езеро влезе во црвената зона на најзагадени езера со што се доведе под прашање заштитата од УНЕСКО.

Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ затоа што Шилегов илзажа дека ќе гради тунели под Кале, подземни и надземни сообраќајници, нови булевари, а наместо тоа Скопје доби три зелени жардињери и гинко дрво.

Шилегов направи измама од 12.8 милиони евра преку продажба на Градската куќа.

СДСМ и Заев се најлошото за нашата општина“ – посочуваат од партијата.

Најнови вести