четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Највисоките државни и национални интереси за СДСМ се само уште една карта со која се коцкаат

ВМРО-ДПМНЕ: Највисоките државни и национални интереси за СДСМ се само уште една карта со која се коцкаат

Државата тоне и на политички и на економски план. Највисоките државни и национални интереси за СДСМ се само уште една карта со која се коцкаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На економски план државата колабира. Додека сите економии растат, БДП во Македонија стагнира. Платите не мрдаат, животот станува поскап, а стандардот паѓа. Расне само корупцијата и таа ги брка странските инвеститори да бараат подобра клима во соседството. Планот 3-6-9 е клинички мртов. Затоа СДСМ после едно соопштение сфатија дека ја утнале, па испратија корекција во која си дадоа нов рок.  СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови. Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата. Нема нови 500 километри автопат, а не можат да ги завршат ни започнатите. Нема враќање ниту на 600.000 иселени од Македонија, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека неуспесите не се покриваат со соопштение дека се задоволни од реформите, кога граѓаните се посилно го чувствуваат назадувањето.

– Наместо подобрување на стандардот на граѓаните Заев и СДСМ ја одземаа и правната сигурност, а удрија и по џебот.  Ја покачија акцизата на дизел горивото. Ако ова е реформа, кој е бенефитот за граѓаните од истата? Се фатија и за персоналниот данок, па сакаат да удрат и по џебовите на младите кои работат во ИТ секторот. Вака сигурно нема да ги задржат и да ги привлечат назад оние кои што си заминале. Единствен успех Заев има врз ставањето на судот под сопствена контрола и подредена положба со што го уништи неговиот углед и ја сруши доверба кај граѓаните. Преку судот се врши политички прогон, а патоказ за тоа се неоснованите обвиненија и притвори. Единствена цел имаат да ги заплашат сите кои што си ја сакаат државата и да го остават Заев да ги крши Уставот и законите.  Судовите не смеат да бидат понижувани, деградирани и уценувани, како што е сликата денес во целиот правосуден систем. Судот мора да се ослободи од притисокот и да суди врз основа на аргументи, заклучуваат во соопштението.

Најнови вести