четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици

Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а владата на СДСМ не превзема ништо да го реши овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните. Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици. Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем. Македонија е во прашање, затоа граѓаните треба да ни се придружат денес на протестот во 17 часот, за што побрзо да го порази и СДСМ и Зоран Заев и црните политики наметнати со оваа црна власт за една намена, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести