Народот плаќа поскапа струја, за да може Заев да си ги плаќа финансиерите на СДСМ, преку милионски тендери, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Енергетските компании кои според Заев работата со намалена добивка и заради кои народот ќе треба да плаќа поскапа струја немат проблем да плаќаат милионски тендери за финансиерите на СДСМ. Во денови кога народот протестира за поскапената струја, Заев преку АД ЕЛЕМ му даде тендер од 6.4 милиони евра на Силјан Мицевски, кој јавно на суд призна дека го финансирал СДСМ. Лага е дека струјата поевтинила. Граѓаните нека ги споредат сметките од 2017-та и денес и ќе видат дека Заев драстично ја зголемил цената за да го покрие својот криминал. Целиот енергетски сектор буквално се користи за испумпување на парите на граѓаните во приватни џебови, на лица блиски до власта. Затоа е потребно народот повеќе да плаќа, за да има повеќе за блиските на власта. Струмичка агенција за обезбедување испумпала десетина милиони евра преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблички вртат во РЕК Битола, а фирмите на финансиерите на СДСМ добиваат милионски тендери за ископ на јаглен и јаловина, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека желбата за профит е причина за поскапената струја, и сите лоши политики во енергетиката.
-Профитерството во енергетиката на грбот на народот мора да запре. Власта веднаш да ги реализира барањата на кои народот и ВМРО-ДПМНЕ ги упатија:
- Враќање на старата цена на струјата;
- Викенд без ДДВ во септември;
- Професионализација на РКЕ.
Заради тоа што власта молчи, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со притисокот. Денес во 14 часот ќе ја блокираме раскрсницата пред РКЕ. Барањата на народот мора да се исполнат, стои во нивното соопштение до јавноста.