недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Не може секој што е против криминалот на СДС и ДУИ да биде заложник на Левица, а во исто време Ковачевски да дели власт со нив во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Не може секој што е против криминалот на СДС и ДУИ да биде заложник на Левица, а во исто време Ковачевски да дели власт со нив во Град Скопје

Ковачевски треба да разбере дека неговите советници му ја промашиле ПР стратегијата. Според него секој оној кој е против криминалот на СДС и ДУИ е заложник на Левица?! А патем да биде апсурдот поголем, токму Ковачевски ја дели власта со Левица во градот Скопје, односно заедно со Левица и ДУИ имаат директорски места. Ковачевски нека не ги прави слепи граѓаните кои гледаат дека директорот на ЈСП е член на Централниот одбор на СДС и истиот е дел од поставата директори на Тачела коалицијата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Излитената фраза “заложници на Левица“ не поминува. Се поголем број граѓани сметаат дека власта на Ковачевски ја води државата во погрешна насока. Се повеќе меѓународни институции говорат дека Македонија економски најлошо се развива. Се повеќе фактори говорат дека со власта на СДС и ДУИ цветаат криминалот и корупцијата. Македонија бара предвремени избори. Оттука повеќе одговара дека народот бара Македонија да се ослободи од заложништвото на Ковачевски и Ахмети, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести