вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира донесувањето на буџетот

ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира донесувањето на буџетот

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во изјава за Телма вели дека и покрај политичката криза и битката за парламентарно мнозинство тие ќе го поддржат дури и на пленарна седница, бидејќи е важен документ за граѓаните.

Утре почнува комисиската расправа во Собрание на матичната Комисија за финансирање и буџет. Бидејќи таа е без претседател, собранискиот спикер Талат Џафери ја назначи заменичката Марија Петрушевска, да ја води комисијата. ВМРО-ДПМНЕ со околу 200 амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари.

-Буџетот е документ за граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не планира да го блокира како и до сега што не блокирало ништо што е од интерес од граѓаните. Ќе учествуваме на комисјата. Имаме околу 200 амандмани, кои се однесуваат на заштита на животна средина, чист воздух, енергетика, економија, капитални инвестиции. Ќе го поддржиме буџетот и на пленарна седница, тој е за државата – изјави Никола Мицевски координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договореното.

-Договорот е дека комисиската расправа треба да почне утре. Се надевам дека ќе го почитуваат.- изјави Јован Митрески координатор на пратеничка група на СДСМ.

Прашањето дека виси донесувањето на буџетот се отвори по новонастанатата политичка криза. Откако тој беше ставен за разгледување за утре на Комисијата за финансирање и буџет се појавија а многу дилеми – дали и како ќе дејствуваат пратениците од опозицијата, ќе има ли кворум за негово гласање на пленарна седница како и дали тој ќе биде донесен на време.

Според роковите пак, Комисијата може да расправа по буџетот за идната година 10 денови. Пет се за општа, а пет за амандманска расправа. За пленарна расправа на Седница, според Деловникот, се одредени пет дена. Тој треба да биде донесе до крајот на годината.

Најнови вести