четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот без писмени гаранции за македонската историја, македонски јазик, без вештачки фусноти“

„ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот без писмени гаранции за македонската историја, македонски јазик, без вештачки фусноти“

Неприфатливо е дозволувањето на оваа влада, да се мешаат соседните држави во нашите внатрешни работи, па сега откако ќе ги исполниме критериумите за ЕУ, да мора да ги исполниме и критериумите на Петков, кои се за негова домашна употреба. Петков штити свои државни интереси, проблемот е што недостасува заштита на македонските интереси, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.

Мицкоски потенцираше дека доколку има отворање на Уставот со кој би се предвидувал дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност.

Зад овие интереси не стои нашата држава и нејзините институции. И ако условот е да се исполнат сите бугарски барања кои ќе значат исполнување на нивната бугарска декларација, на наша штета, тоа е нешто со кое ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи ниту пак да се помири. И ако има отворање на Уставот чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата на истиот ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. Повторувам, да се знае сега, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине, нагласи тој.

Јас сум апсолутно свесен дека Ковачевски е подготвен да потпише се само чека да види дали Петков ќе може тоа да го помине во Бугарија. И тоа најверојатно во овој пластелин, наш вештачки парламент ќе помине, но за промени во Уставот им требаат две третини, тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. Слушаме за чувствата на Бугарите, слушаме за приказните на Петков за добрососедство чии дела не ги гледаме, слушаме и за канонадата на асимилаторски изјави за кои никој во државата не реагира, за лекциите за исполнети критериуми, исполнети прашалници, а го поставил ли некој прашањето за чувствата на Македонците во Македонија, на овој народ кој скаменето чека за иднина која ја нема, и бара достоинство кое му го продаваат, и за Европа која никако да дојде, рече Мицкоски.

Мицкоски испрати порака до македонскиот народ за обединување и висока свесност за состојбите, зошто секоја грешка од сега понатаму како што додаде тој ќе биде скапо платена.

Овие работи иако болат, мора да се знаат. Исто како што треба да се знае дека за секој чекор на ВМРО-ДПМНЕ потребно е национално единство и обединување. Барам и испраќам до народот на Македонија порака на обединување и висока свесност за состојбите, зошто секоја грешка од сега понатаму ќе биде скапо платена. Овие 100 дена на живот во национална катастрофа, е и живот исполнет со криминал и скандали, изјави Мицкоски.

Најнови вести